Иванов: Заев со своите конфузни ставови продолжува да ја манипулира и лаже и македонската и грчката јавност

by Fokus

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, најостро ги демантира лагите изнесени од страна на претседателот на Владата Зоран Заев во интервјуто  за грчката телевизија ЕРТ, дека претседателот Иванов ќе го поддржи Договорот со Грција, пишува меѓу другото во соопштението што денеска го испрати Кабинетот на претседателот Иванов.

„Премиерот Заев со своите променливи, контрадикторни и конфузни ставови продолжува да ја лаже и манипулира не само македонската, туку и грчката и меѓународната јавност. Членството на Република Македонија во Европската Унија и НАТО, не смеат да се злоупотребуваат за прифаќање на штетен Договор со несогледливи последици по македонската држава и македонскиот народ. Македонскиот претседател не прифаќа Договор на штета на македонскиот национален идентитет и на штета на интересите на Република Македонија. Ставот на претседателот Иванов е непроменет и нема да го поколебаат никакви притисоци, уцени и закани “, пишува во соопштението.

Поврзани новости