Со документ од УЈП, Шилегов ги демантира ВМРО-ДПМНЕ дека незаконски се богател

by Fokus

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, истакна дека недозволива и срамна e црнатa кампања која против него и неговото семејство ја води ВМРО ДПМНЕ. Според него, кампањата на лаги за жал ја поддржува и неговата противкандидатка Данела Арсовска.

– Таа кампања господине Мицкоски и госпоѓо Арсовска е под секое цивилизирано ниво. Тоа што го правите е една од најлошите карактеристики на политичарите. Кога аргументи за работењето не постојат, тогаш лагите ги користите како единствен начин за битка. Денес сум тука со документи да ги демантирам сите прес конференции на ВМРО-ДПМНЕ и сите зборови искажани од митинзите за тоа колку и како сум ја злоупотребувал мојата функција и незаконити приходи. Овој документ, кој патем е изработен токму на барање на ВМРО-ДПМНЕ од страна на УЈП, потврдува дека мојата имотна состојба и сè што поседуваме јас и моето семејство е еднаква и соодветствува со пријавените приходи и платени даноци. Овој документ потврдува дека ниту еден денар повеќе од она за што сум го пријавил и за што сум платил данок немам потрошено, нагласи Шилегов.

Поврзани новости