Со добар избор на осигурување до најдобра заштита на семејството и домот

by fokus

Пакетите за домаќинско осигурување ги покриваат најчестите ризици кои се закана за семејството и имотот. При изборот на осигурување важно е дефинирање на ризиците кои ќе бидат покриени во полисата за осигурување, како и изборот на најдобра осигурителна компанија со финансиска стабилност и исплата на штети.

Животот е исполнет со бројни предизвици и ризици. Дел од нив не можат да се предвидат, но можат да се намалат економските штети од несаканите настани, велат од најголемиот осигурителен брокер во државата, СН Осигурителен Брокер АД Битола, посочувајќи од кои критериуми осигурениците треба да се водат за да направат најсоодветен избор на осигурување.

„При изборот на осигурување најдобро е да се консултирате со лиценциран брокер, кој согласно Вашите потреби ќе Ви понуди најдобра опција и ќе Ви изработи полиса која ќе ги задоволи Вашите барања. При изборот на осигурување важно е дефинирање на ризиците кои ќе бидат покриени во полисата за осигурување, како и изборот на најдобра осигурителна компанија со финансиска стабилност и исплата на штети.“-велат од компанијата.

Пакетите за домаќинско осигурување ги покриваат најчестите ризици кои се закана за семејството и имотот. „Домот е место каде што сите треба да се чуствуваме спокојно. За таа цел препорачливо е да се има полиса за домаќинско осигурување. Со неа се покриваат најчестите можни ризици започнувајќи од пожар, удар од гром, експлозија, град, луња, поплава од внатрешни инсталации, паѓање на воздушни летала, удар од сопствено моторно возило во градежен објект, провална кражба и разбојништво, кршење на стакла во домот итн… Сите овие ризици доколку се случат се закана за матерјалните вредности кои ги поседувате, но исто така потенцијално ја загрозуваат безденоста на семејството, како и мирот и спокојството на сите членови на едно семејство.“-велат од СН Осигурителен Брокер.

Давајќи како пример пожар во домот, посочуваат дека тоа е ризик за кој не е сеедно дали имате или немате полиса за домаќинско осигурување. „Доколу немате полиса за домаќинско осигурување во случај на пожар штетите треба да ги покриете сами. Тоа може да се случи во момент кога немате финансии за такви непредвидени трошоци. Затоа, поседувањето на полиса за домаќинско осигурување ви дава спокојство дека има некој кој ќе ви го олесни финанискиот товар во такви околности, што е исклучително важно во тешките моменти.“-велат од компанијата.

Исто така, го препорачуваат приватното здравствено осигурување, со кое се добива најквалитетна здравствена услуга во приватните болници и се избегнува чекањето за слободен термин во јавните здравствени установи. Раното откривање на здравствените проблеми и точната дијагностика обезбедуваат навремена нега и грижа за здравјето на секој поединец.

Истото е дотолку позначајно во услови кога болничките трошоци во приватното здравство се високи. Со приватно здравствено осигурување побезгрижно можеме да се лекуваме во приватните болници, затоа што осигурителните пакети предвидуваат покривање на значаен дел од трошоците направени за користење на здравствени услуги.

И додека на пазарот работат повеќе осигурителни компании и секоја од нив нуди повеќе пакети за осигурување, осигурениците се прашуваат како да изберат кој е најсоодветен и најповолен.

„Предноста на осигурителните брокерите е што се секогаш се информирани со сите новости и понуди на осигурителниот пазар и тоа им овозможува да направат споредба на сите осигурителни пакети. На тој начин можат да го изберат најсоодветен пакет согласно потребите и барањата на клиентот. Во СН Осигурителен Брокер ги имате сите осигурителни пакети на едно место. Исто така, важно е што во СН Осигурителен Брокер работат високо квалификувани експерти со повеќе од 15 години искуство на осигурителниот пазар и кои секогаш ги задоволуваат потребите и очекувањата на нашите клиенти. Во реализација на тие вредности насочени сме кон обезбедување на повисоко ниво на квалитетни услуги, нудејќи ги сите видови на осигурување. Друштвото имплементира најсофистициран сервис во осигурувањето, ефикасност, стручност, инвентивност и транспарентност во работењето и високи стандарди на професионализам со што обезбедува континуирано подобрување на квалитетот, и сето ова го постигнува со користење на стручноста и креативноста на членовите на тимот и нивната посветеност и желба за задоволување на потребите на клиентот.“-велат од најголемиот осигурителен брокер во државата.

Преку ова брокерско друштво може да се обезбедат сите видови на полиси и пакети кои постојат на осигурителниот пазар во делот на неживотно и животно осигурување како што се: осигурување од автоодговорност, зелен картон, каско, имотно осигурување, приватно здравствено осигурување, колективно осигурување, животно осигурување, транспортно осигурување, ЦМР, професионална и општа одговорност, асистенција и на пат, патничко осигурување итн…

Компанијата има раширена мрежа од 40 подружници низ цела Македонија, при што лесно ќе најдете која подружница е најблиску до вас преку веб страницата https://snbroker.mk/lokacii/. Сите информации можат да се добијат и на бесплатниот телефон 15770  или на емаил: info@snbroker.mk.

 

 

Поврзани новости