372
Шеесет и седумгодишен тетовчанец прегазил пешак, кој завршил во болница, информираа од МВР.
Според полицијата, завчера околу 23,10 часот на улица „167“ во Тетово, патничко моторно возило „Опел корса“ со тетовски регистерски ознаки, управувано од Ј.А.(67) од Голема Речица, удрило во М.Б.(69) од Тетово. Повредениот пешак бил пренесен и задржан на лекување во Клиничка болница Тетово. Извршен е увид на местото на настанот.