Се качувала во автобусот, кој тргнал без да ја почека, завршила тешко повредена на клиники

by Fokus 10:39
10:39

Шеесет и тригодишна скопјанка се повредила додека се качувала во автобус, кој не застанал, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера во 10.15 часот на автобуска станица на улица „Ѓорче Петров“, при качување во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие, кој тргнувал, со повреди се здобила патничката Р.Т.(63) од Скопје. Таа била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје каде и била укажана лекарска помош и и биле констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

- Advertisements -

Поврзани новости