447
Со задоцнување од половина час започна Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ за избор на нов лидер во Валандово.
Конгресот го отвори Спиро Ристовски со поздравување на присутните, при што посебно го поздрави Никола Груевски, на што присутните делегати аплаудираа. Тој и му се заблагодари на Груевски за се што направил за партијата, по што делегатите почнаа да скандираат „Никола, Никола“.
Потоа беше усвоен дневниот ред, по што се формирање верификациона комисија која ќе треба да ги изброи делегатите и да ги верификува нивните мандати.