Со албански и американски знамиња Алијанса за Албанците и Алтернатива маршираат против изборните резултати

by fokus

Коалицијата на Алијансата на Албанците и Алтернатива денеска организираат марш за демократија, а во знак на револт од изборните резултати, со кои, според нив, сериозно е загрозена изборната волја на Албанците во земјава.

Протестниот марш почна во паркот во Чаир, а демонстарантите во моментов се на нивната крајна точка, а тоа е Канцеларијата на ЕУ во Скопје.

Демонстрантите носат пароли на албански и англиски јазик и албански и американски знамиња. Најголем дел од луѓето носат заштитни маски, но дистанца не се почитува.

Поврзани новости