470
Со 69 гласа „за“ и со 40 гласа „против“ парламентот донесе одлука Предлог законот за ратификација на Конечната спогодба со Грција, да се донесе по скратена постапка. Одлуката наиде на неодобрување од опозицијата. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ реагираа со негодување од своите места и тропање по собраниските клупи.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, се обиде да ги смири пратениците потсетувајќи ги дека неодамна донесоа кодекс на однесување, но тоа уште повеќе ја вжешти атмосферата.
Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, кој го образложи предлог законот рече дека со овој договор се отвора можност граѓаните да се изјаснат за својата иднина преку можноста која ќе биде дадена на есенскиот референдум.