ФДМ го поздравува потпишувањето на договорот меѓу Македонија и Грција

by Fokus 11:27
11:27

Форумот за демократска Македонија го поздравува потпишувањето на договорот за името меѓу Македонија и Грција. ФДМ, организација на иселениците, смета дека промената на уставното име од Република Македонија во Република Северна Македонија не го менува идентитетот на етничките Македонци и македонскиот јазик. Напротив, договорот ги гарантира идентитетот и јазикот без да навлегува во правото на национално определување.

Наметнатиот проблем со името, иако неправеден, со децении беше пречка за остварување на евро-атлантските аспирации на Македонија. Затоа, ФДМ смета дека постигнатиот компромис е добар почеток за градење меѓусебна доверба меѓу двете соседни земји, померување од мртвата точка и надминување на блокадата за членство во НАТО и ЕУ. Овој договор, иако не е идеален, е веројатно најдоброто можно решение во овој момент. И секако, со решавањето на спорот со името оваа и сите други идни влади од сега ќе треба да преземат одговорност и да се посветат на економските, правните и корупциските проблеми во државата кои се од основно значење за сите граѓани.

- Advertisements -

Поврзани новости