Со 134.500 евра ќе се осветлуваат нови споменици и фонтани

by fokus

Околу два милиони евра досега чини илуминацијата, или осветлувањето, на спомениците, фонтаните и објектите од проектот „Скопје 2014“. Откако вакво осветлување добија поголемите фонтани и објектите покрај брегот на Вардар, од град Скопје најавуваат дека во наредниот период ќе осветлат уште неколку спомен обележја, скулптури и фонтани во главниот град.

Според огласот што го објави град Скопје, на сајтот на Бирото за јавни набавки, со кој се бара заинтересирана фирма, се наведува дека за оваа намена се планира да се потроши 134.500 евра, без вклучено ДДВ. Сепак потребната сума што ќе се потроши за најновата илуминација ќе биде прецизирана по склучувањето на договорот со фирмата победник на тендерот.

Досега за осветлување на Музејот на ВМРО беа потрошени  на 220.000 евра, за Уставен суд, Археолошки музеј, Архив на Македонија и Јавно обвинителство околу половина милион евра, новата зграда на МНР светна со 210.000 евра, а за 270.000 евра светнаа и мостовите кај МАНУ и „Холидеј ин“. Илуминација беше извршена на уште неколку згради и споменици.

 

Поврзани новости