Снопче се побуни зошто Спасовски му одговорил само на македонски: Ова е непочитување

by fokus

Пратеникот Халил Снопче на денешната седница за пратенички прашања му забележа на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, бидејќи писмениот одговор на пратеничкото прашање му го доставил само на македонски јазик, а не и на албански.

-Јас прашањето ви го испратив и на албански и на македонски. Сам го преведов на македонски. Знам дека вие не сте можеле да го преведете одговорот на албански, но имате служби кои можеле тоа да го направат. Ова е непочитување. И непочитување и на законите и Уставот, рече Снопче.

 

Поврзани новости