Снимки од сателит: Огромен руски конвој од тенкови се движи кон Киев

by Fokus

Денешни сателитски снимки објавени од американската приватна компанија „Максар технолоџис“ покажуваат големо групирање и движење на руските копнени сили со тенковски единици кон главниот град на Украина, Киев, на оддалеченост од околу 65 километри, пренесе „Ројтерс“.

Снимката од американската компанија покажува колона од стотици воени возила која се протега на над пет километри, наведува „Ројтерс“.

Рускиот воен конвој се наоѓа североисточно од украинскиот град Иванкив и вклучува резервоари за гориво, логистика и оклопни возила, тенкови, борбени возила на пешадијата и артилерија, се вели во соопштението на американската компанија.

Во меѓувреме шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, изјави дека ЕУ ќе испрати борбени авиони во Украина како дел од воената помош.

 

Тој нагласи дека Советот едногласно го поддржал пакетот за поддршка на украинската војска од 500 милиони евра, а Полска ќе биде центар за транспорт на вооружувањето за Украина.

Борел најави и дека ЕУ формално се согласила за забрана на трансакциите на Руската централна банка.

Поврзани новости