Снимката од Заев обезбедена со ПИ-мерки ќе биде доказ во случајот „Поткуп“

by fokus

Снимката која со употреба на посебни истражни мерки беше обезбедена за случајот „Поткуп“, а во кој за поткуп му се суди на премиерот Зоран Заев ќе биде употребена како доказ.

Оваа одлука денеска ја донесе судијата Дарко Тодоровски, бидејќи според него снимките биле обезбедени легално. Тој го одби предлогот на одбраната на премиерот Заев да бидат отфрлени посебните истражни мерки на обвинителството како незаконски и да не важат, бидејќи веќе беа објавени во јавност.

Одбраната на Заев претходно предлог за отфрлање на снимката од доказите поднесе до Апелациониот суд, но од таму случајот го вратија на повторно одлучување, по што судијата Тодоровски пресече.

 

Поврзани новости