Снимката од ПИ-мерките нема да биде доказ во „Поткуп“

by fokus

Снимката од премиерот Зоран Заев на која преговара со бизнисменот Иван Николов за донирање за изградба на црква нема да се користи како доказ во случајот Поткуп бидејќи претходно обвинителката направи преквалификација на кривичното дело, па со новото не е предвидено користење на докази обезбедени со посебни истражни мерки.

За новото кривично дело, барање на поткуп, а не како што претходно се гонеше Заев за примање на поткуп е предвидена помала казна затвор и тоа од една до пет години.

Во ваков случај, кога обвинителниот акт се заменува со обвинителен предлог, постапува и судија поединец, поради што досегашниот судски совет се повлече, па наместо и судијката Добрила Кацарска и уште три поротници, пресудата ќе ја донесе само судијата Дарко Тодоровски.

Во моментот завршен збор во судницата дава адвокатот на Заев, Филип Медарски, а потоа се очекува завршен збор да даде и обвинетиот премиер.

В.В.

Поврзани новости