Стјуард од Скопје сериозно се повредил при слетување на авион

by fokus

28-годишен стујуард од Скопје се повредил при слетување на авионот по што бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Според полицијата 28-годишниот В.К. паднал на подот додека авионот се подготвувал за слетување и влегол во турбуленции.

Од МВР велат дека на В.К. му се констатирани тешки телесни повреди. Од таму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости