Снимка од палењето на Барон – три лица со капуљачи ја обиваат вратата и го палат кафулето

by fokus

Три лица со капуљачи на главите ноќеска ја обиле влезната врата на кафулето „Барон“ во Чаир и го запалиле објектот.

„Фокус“ објавува снимка на која се гледа како три лица со тврди предмети ја обиваат влезната врата на кафулето, а потоа го подметнуваат пожарот.

Обвинителството утрово соопшти дека извршен е увид во кафулето во Чаир, подигнати се траги од лице место и обезбедени се снимки од видео надзор.

Освен ова Обвинителството соопшти, дека се се проверува и евентуална поврзаност на палењето на кафичот кое му претходеше на убиството на Зељкиф Туша, таткото на Гани Туша, осомничен за убиството на водачите на Дуќанџик, Орхан Бајрами Оки и Јетон Кривањева Жила.

Туша всушност е припадник на релативно новата група во скопското подземје Барон која името го добила токму по запаленото кафуле.

Во неа членуваат повратници од боиштата, а Туша сега е во притвор во затворот во Шутка.

Телото на неговиот татко беше најдено вчера попладне на локалниот пат меѓу Горно и Долно Блаце со прострелна рана. Се истражува дали станува збор за крвна одмазда или пак продолжение на криминалните пресметки меѓу двете банди, од една страна Дуќанџик и Грчец, а од друга страна Барон и Беланоца.

Ф.Ф.С.

Поврзани новости