Делови од Србија и Хрватска ги зафати силно снежно невреме. Во Хрватска е вклучен црвен метео аларм. Невремето однесе 1 жртва, кога автобус со албански регистарски таблички излетал од патот.
Снежните врнежи ја отсекоа Далмација од останиот дел од Хрватска. Во тек се активности за чистење на снегот.
Сообраќајниот колапс почна вчера попладне кога невремето ги затвори сите патишта од Далмација кон внатрешноста на Хрватска, и обратно.
Властите отворија приватни центри во Грачац, Госпиќ, Обровац и Книн во кои во текот на ноќта и утрово беа згрижени околу 200 патници. Но според спасувачките екипи голем број луѓе сеуште се заглавени по патиштата.
Покрај снегот, проблеми прави и силниот ветер кој дува со брзина од околу 150 километри на час на некои места.
Според метролозите снегот ќе пага и во текот на денот, особено во Горски Котор и Лика, а полицијата повторно ги повика граѓаните да не тргнуваат на пат без потреба.
Снегот во западна Србија прави проблеми во патниот сообракај и во снабдување со електрична енергија во Пријепоље, Златибор и Ужице.