Снежно невреме во Италија: над 6000 луѓе се отсечени поради лавини

by Fokus

Италија денеска беше погодена од обилни снежни наноси и силен ветер, а портокаловата метеоролошка тревога е на сила во два региони – Емилија Ромања и Пиемонт.

Во северозападниот алпски регион Вал д’Аоста, повеќе од 6.000 луѓе кои живеат во горните делови на долината Гресони се изолирани од неделата поради лавини, јавува Анса.

Жолтата метеоролошка тревога е на сила во 13 италијански региони – Абруцу, Базиликати, Калабрија, Кампанија, Молизе, Апулија, Лацио, Ломбардија, Сардинија, Сицилија, Тоскана, Умбрија и Венето.

Одрони се случија во регионот Лигурија во северозападна Италија, во Џенова и неговата околина.

Поврзани новости