428
Поради интензивни врнежи од снег, делови од Далмација се целосно отсечени од Хрватска, а автобус со албански регистрарски таблички се излизгал при што еден патник загинал.
Хрватските медиуми пренесуваат дека најмалку 25 возила ја игнорирале забраната и влегле во затворениот дел од автопатот А1 кај тунелот Свети Рок. Тие се заглавени во снегот и екипите се обидуваат да ги извлечат.
На терен се и спасувачите од Хрватска горска служба кои помагаат да се извлечат заглавените од снегот, а освен снегот проблеми прави и и силен ветер, кој дува со брзина од околу 150 километри на час и на моменти предизвикува ефект на снежна бура. Во земјата е вклучен црвен метео аларм.