СМС пораки кои си ги испраќале обвинетите за „27 април“ ќе се читаат во Кривичниот суд

by fokus

Со читање на смс пораки, кои дел од обвинетите за „27 април“ си ги испраќале меѓу себе, треба да продолжи денешното рочиште за случајот за насилниот упад во Собранието.

Како што дознаваме, смс пораките се еден од главните докази на обвинителството, бидејќи ја покажува поврзаноста на обвинетите, кои дејствувале организирано и според план.

На претходните рочишта се гледаа видео снимки од безбедносните камери и од медиумите, кои го регистрирале насилството.

Поврзани новости