785
Изминатата ноќ во притвор на воената хунта во Мјанмар починал Кин Маунг Лат, опозициски политичар и член на партијата на соборената премиерка Аунг Сан Су Су Ки, јавуваат британските медиуми.
Причината за смртта засега не е позната, но дописникот на Ројтерс од Јангон видел фотографија на мртвиот Лат со крвава ткаенина на главата.
Полицијата се уште се нема произнесено за случајот.
Според медиумската група „Мјанмар сега“, безбедносните сили употребиле солзавец против десетици илјади демонстранти во Јангон и Мандалај.