ВМРО-ДПМНЕ: Заев наместо да се вози со скапиот мотор низ Тетово, требаше да му одговори на тетовци за многуте лажни ветувања

by fokus

Денес, господинот Заев додека се шеткаше со скапиот мотор низ Тетово заедно со другарчињата, требаше најпрвин да му се јави на Директорот на Заводот за вработување во Тетово и да го праша:„Колкав е бројот на ново невработени лица во тетовскиот регион во последната година, и дали е точно дека нивниот број во последната година е зголемен за 7.588 лица“, критикува опозициската ВМРО-ДПМНЕ објавувајќи слика на која тврди дека е премиерот, Зоран Заев на мотор.

-Како се одвиваат активностите со регионалната депонија, дали има нови паркови, шеталишта, чист град, и уште многу многу други прашања. За жал, многу прашања, ама Заев денес само прошета низ Тетово, но ниту праша, а ниту пак, може да одговори на тетовчани за многуте нереализирани, лажни ветувања. А, зошто ? Затоа што знае дека ако праша, ниту некој ќе му даде одговор, а ниту пак тој може да одговори, затоа што знае дека кога ќе ги слушне нереализираните ветувања и лагите кои ги ветуваше, ќе му остане само скришкум да си замине, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости