По веста за трагичната смрт на двете малолетни деца во Шуто Оризари, министерката Рашела Мизрахи во рамките на нејзините надлежности испрати стручни лица на терен со цел навремено згрижување на семејствата.
-Екипа на ЦРС Скопје направи увид на лице место. Според надлежностите на МТСП, понудено им е сместување во рамките на објектите за поддржано живеење во Визбегово, а веќе едно од семејствата кое прифатило, ќе биде сместено веднаш, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
Исто така, МТСП ќе обезбеди еднократна парична помош за семејствата, како и рефундирање на средствата за погребални услуги, за семејството на починатите.
Министерството за труд и социјална политика уште еднаш изразува длабоко жалење за немилиот настан кој вчера ја потресе земјава.