Поранешен вработен во НЛБ Тутунска банка, кој од 2011 до 2013 година работел во филијалата во дирекција, денеска беше сослушан како сведокот во случајот „Титаник”.
Тој пред судот посочи дека често се случувало едно физичко лице да уплати парични средства за повеќе физички лица.
– Парите беа уплатени како донација, на име на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. Лице по име Далибор, доаѓаше неколку пати и носеше налози. За парични средства над 1.5 милиони денари се правеше копија на лична карта, изјави поранешниот вработен во Тутунска банка, кој додаде до 60 илјади денари средствата се уплаќа готовински, односно над 60 илјади денари вирмански. Согласно процедурите сведокот наведе дека се било законски.
Член на ВМРО-ДПМНЕ од Струмица, во својство на сведок кажа дека тој лично уплатил средства како донација во ОК на партијата и исто така потпишал уплатница.
Вработена во СВР Скопје, при нејзиното сведочење во Кривичниот суд, изјави дека таа лично не донирала парични средства како донација за некоја политичка партија.