ФИТР и ПроКредит Банка обезбедуваат полесен пристап до финансирање на иновативните компании

by Fokus

ФИТР и ПроКредит Банка обезбедуваат полесен пристап до финансирање на иновативните компани
Фондот за иновации и технолошки развој и ПроКредит Банка потпишаа Меморандум за меѓусебна соработка со која микро, малите и средните претпријатија ќе добијат олеснет пристап до финансиски средства.

Преку новиот пакет на банката најголем број услуги ќе бидат обезбедени за стартап компаниите.

Главната придобивка ќе биде за компаниите- апликанти за кофинансирани грантови на ФИТР, за кои банката ќе обезбеди дополнителна финансиска поддршка во делот на сопствено кофинансирање преку поповолни каматни стапки од редовните. Олеснување ќе добијат и компаниите кои аплицирале но не им било одобрено кофинансирање од Фондот.

-Фактот што за само два месеци успеавме за компаниите, особено за стартапите да обезбедиме различни поволности преку трите најуспешни банки во државата е уште еден доказ дека во банкарскиот сектор имаме вистински партнери кои ги препознават квалитетните програми на ФИТР и иновативниот потенцијал на домашните компании. Продолжуваме да ги слушаме потребите на стартап заедницата и активно да работиме на изнајдување решенија за полесна реализација на нивните идеи, изјави Коста Петров, директор на Фондот за иновации и технолошки развој.

Бизнис пакетот на ПроКредит Банка ќе вклучува најповолна каматна стапка на позитивно салдо на трансакциска сметка, пакет услуги вклучени во месечната провизија (сметка за кофинансирање, е-банкарство, MasterCard Business картички бесплатни за првата година, потврди-конфирмации за трети лица, издавање бонитет, доставување на информација до УЈП).

Дополнително банката обезбедува и пониски провизии во рамките на домашниот и меѓународниот платен промет преку е-банкарство и кредитни продукти по преференцијална каматна стапка. Најважно од се, компаниите добиваат банка партнер, каде преку личниот советник за бизнис клиенти, бизнисот добива и советодавна услуга од сферата на банкарството , што е од исклучителна важност за start up и компании во развој.

-Со примена на партнерски и индивидуален пристап во работењето со компаниите, изградивме премиум бренд со високо квалитетна услуга за бизнис клиентите.Како банка добро ги познаваме нашите клиенти, нивната историја, силните страни, но и предизвиците со кои се соочуваат во своето работење. Нашиот тим располага со знаење, искуство, но и ентузијазм заедно со клиентите да работиме на остварување на нивните планови за развој. Соработка со ФИТР ни овозможува да ја понудиме оваа поддршка и на малите амбициозни и иновативни бизнис, кои имаат голем потенцијал за раст и развој и може значително да учествуваат во креирањето на БДП, зголемувањето на извозот и отворање на нови работни места.“ изајви Милан Дамчевски, директор на бизнис филијала во ПроКредит Банка.

Во наредниот период, ПроКредит Банка во соработка со ФИТР ќе организира едукативни и промотивни активности поврзани со можностите за финансирање на домашните компании од страна на банката и ФИТР, зголемување на финансиската писменост, со цел олеснување на пристап кон финансиските средства, олеснет бизнис развој и комерцијализација на иновации.

Повеќе информации за пакетот, можат да се најдат на следниот линк.

Поврзани новости