Случајот со смртта на шестгодишното девојчето во Битолската болница пријавен во ОЈО

by fokus

Премиерот Димитар Ковачевски денеска одговарајќи на новинарско прашање рече дека директорот на Битолската болница е на пат кон Скопје каде треба да се состане со министерот за здравство во врска во смртта на шестгодишното девојче кое почина примајќи инфузија.

-Веќе е почнат вонреден надзор, директор на пат за Скопје каде ќе има состанок со министерот за здравство. Информирано е и Јавното обвинителство за овој случај. Врз основа на факти треба да се види што се има случено и да се направат соодветни санкции, рече премиерот.

Поврзани новости