626
Телевизискиот канал „Ал Џезеира-Балкан“ вечерва објави прилог за тужбата врз новинарите на „Фокус“ од директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков.
Медиумот кој емитува во сите балкански земји преку кабловските телевизии и преку сателит информираше за текот на судењето и за солидарната акција на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) со која се собираа средства за да можат новинарите на „Фокус“ да ја покријат казната од 6.000 евра и трошоците на судскиот процес од 3.300 евра.
Покрај „Ал-Џезеира Балкан“ овој случај го третираше и Меѓународниот новинарски институт од Виена кој објави разговор со главната уредничка на „Фокус“, Јадранка Костова.