759
Случајот за „Организаторите на 27 април“ влегува во својот финиш, бидејќи од денеска се закажани завршните зборови. Прво, своите завршни зборови ќе ги даде обвинителката Вилма Русковска, а потоа ќе следуваат и оние на одбраната.
Во случајот обвинети се екс претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, поранешните министри Спиро Ристовски и Миле Јанакиески и екс директор на УБК, Владимир Атанасовски. Тие се обвинети за делото терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.
Претходно, за упадот во Собранието на 27 април 2017 година беа осудени 16 обвинети. Првично беа обвинети 33 лица кои се гонеа за делото терористичко загрозување на уставниот поредок. Од нив, 15 беа амнестирани со закон во Собранието.