Трамп одлучил дали ќе се кандидира на следните избори, но не открива каква е одлуката

by fokus

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп веќе донел одлука за тоа дали ќе учествува на следните претседателски избори во САД во 2024 година, но не прецизираше каква е таа, самиот изјави за телевизијата „Фокс њуз“.

На новинарско прашање дали донел одлука за ова прашање, Трамп одговори „Да“, но притоа не даде други детали.

Трамп во април изрази уверување дека републиканскиот кандидат ќе победи на претседателските избори во САД во 2024 година. Во март, поранешниот претседател кажа дека има намера да донесе конечна одлука за можноста повторно да се кандидира за функцијата шеф на Белата куќа по делумните избори во земјата во 2022 година.

За време на говорот на конференцијата на американските конзервативни кругови во Орландо, во Флорида, на 28 февруари Трамп кажа дека може уште еднаш да се кандидира за претседател.

Поврзани новости