Поради помилувањето од претседателот Ѓорге Иванов истрагата за случајот Титаник мораше да запре, а не да почне судска постапка. Ова денеска во воведниот збор го кажа адвокатот Петар Василев, кој истакна дека дури и Врховниот суд во Грција потврдил дека амнестијата е во правна сила, па затоа одлучил да не ги екстрадира Горан Грујевски и Никола Бошкоски.
-Никој тука не го зеде предвид помилувањето од страна на претседателот. Ваквиот правно-политички чин предизвикува неотстранливи последици и кон лицата за кои е дадено, рече адвокатот Василев, кој во овој предмет ги застапува обвинтетите Гордана Јанкулоска и Илија Димовски.
Тој образложи дека Врховниот суд во Грција побарал мислење од Институтот за меѓунардоно право, од каде посочиле дека еднаш даденото помилување не може да се повлече, па затоа амнестијата е во правна сила.
Василев истакна дека поради оваа правна несигурност, тој денеска нема да даде воведни говори се додека судот не одлучи по ова прашањето околу амнестијата.
В.В.