Возило со српски регистарски таблички се запалило во Куманово

by fokus

Вчера околу 10.30 часот на паркинг простор на ул. „Тоде Мендол“ во Куманово настанал пожар во патничко возило „Голф 6“ со српска национална ознака, сопственост на И.Љ.(65) од Прешево, Република Србија.

Тој го паркирал своето возило, а по неколку минути настанал пожар во пределот на левата страна од моторот, под акумулаторот. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово пожарот бил изгаснат. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

Поврзани новости