Корупцијата и судирот на интереси како цивилизациско зло ги попречуваат и уриваат основните општествени вредности, ги злоупотребуваат институционалните капацитети во полза на нелегални цели и интереси, ја намалуваат довербата во институциите и правната држава, го загрозуваат владеењето на правото, праведноста, еднаквоста и сигурноста на граѓаните.
Царинската управа во континуитет работи на превенција на злоупотребите на службената должност и безкомпромисно се справува со овој вид на криминогено однесување, со цел ефикасно исполнување на нејзината мисија и визија: да бидеме модел на модерен и најдобар сервис на граѓаните, економските оператори и државата, согласно домашни и меѓународно признати најдобри практики и лидер во процесот на пристапување кон Европската царинска унија и да ги зачуваме финансиските интереси на Република Македонија, да го заштитиме здравјето и животот на луѓето, да обезбедиме конкурентен економски амбиент, да ги реализираме економските политики на Владата на Република Македонија и започнувањето на предпристапни преговори за членство во Европската Унија.