Словенија започнува со масовно тестирање, во Љубљана ќе се тестира на плоштад

by Fokus 08:42
08:42

Словенија започнува со доброволно масовно тестирање на коронавирус во 13 градови, пренесе агенцијата СТА.

Во Љубљана, масовното тестирање денеска ќе се спроведе на Конгресниот плоштад, додека точните локации во останатите општини ќе ги објават локалните власти.

- Advertisements -

Се работи за брзи антигени тестови, кои сега се третираат еднакво како и ПЦР тестовите.

Министерството за здравство на Словенија соопшти дека тестирањето ќе се спроведе во Љубљана, Цеље, Марибор, Ново Место, Нова Горица, Мурски Собор, Градец, Копер, Крањ, Велењ, Птуј, Ленарт и Севница.

Тестовите се бесплатни, а тие кои ќе сакаат да се тестираат доволно е само да донесат лична карта и здравствена книшка. На местата за тестирање ќе биде задолжително да се почитуваат мерките за заштита, како што се носење маска и држење физичка дистанца.

Антигените тестови покажуаат резултат за 15 минути, а меѓу 30 и 40 тестови може да се направат за еден час.

Поврзани новости