626
Словенија забрани масовни дочеци на Нова година на отворено, но дозволи работа на угостителите до раните утрински часови за оние кои имаат ковид сертификати или негативен тест.
Словенската Влада ги објави епидемиолошките мерки кои ќе бидат на сила во текот на празничниот период, а кои се значително поблаги од минатогодишните, кога речиси се беше под клуч.
За разлика од минатата година, сега во црквите ќе се одржуваат и полноќни миси, но на нив ќе можат да присуствуваат само оние кои се вакцинирани, оние кои прележале ковид-19, како и они кои ќе прикажат негативен ПЦР тест.