Франција над 90.000, а Британија над 100.000 заразени за еден ден

by Fokus

Во Франција се регистрирани 91.608 новозаразени со Ковид-19, што е рекорден број за еден ден од почетокот на пандемијата. Според податоците на Агенцијата за јавно здравје, во последните 24 часа низ државата се пријавени  п 179 починати лица.

Во моментов во болниците се лекуваат 16.060 лица, од кои 3.208 на интензивна нега.

Францускиот министер за здравство Оливие Веран изјави дека во Франција, како и во многу други земји, „бустер“ дозата ќе заштитува од бранот со сојот Омикрон.

Во Велика Британија исто така, се забележани рекордни бројки – 119.789 регистрирани нови случаи, најмногу од почетокот на пандемијата. Претходниот ден беа 106.122. Евидентирани се и 147 нови смртни случаи.

Податоците на британските здравствени служби покажуваат дека шансите пациенти заразени со сојот Омикрон да завршат во болница се за 50 до 70 отсто помали во споредба со варијантата Делта.

Поврзани новости