Словенија влегува во портокалова фаза: Од понеделник ветер со брзина од над 120 километри на час

by Fokus

Агенцијата за животна средина на Словенија предупреди дека државата влегува во “портокалова фаза” за опасност од силен ветер. Според податоците на агенцијата, ветрот, што на некои места во државата ќе достигне и брзина од над 120 километри на час ќе почне да дува од понеделник навечер, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Предвидувањата се дека ветрот најсилен ќе биде во Штаерската област, Прекумурје, во северо-источниот дел на земјата, како и на планините.

Словенија со силен ветер веќе имаше проблеми минатата недела, кога повеќе објекти и автомобили беа оштетени, а една жена беше повредена. Властите предупредија дека слично ќе биде и во понеделник, па затоа сите служби ќе бидат подготвени да дејствуваат брзо.

Поврзани новости