ЛДП: Либералите со предлог-Декларација на Собранието за новата Методологија и залагање за забрзано зачленување во ЕУ

by Fokus

Декларацијата за започнување на преговорите и заокружување на процесот за зачленување на Република Северна Македонија во Европската Унија, едногласно беше усвоена на вчерашната седница на Централниот Одбор на ЛДП. Тие очекуваат забрзување на реформските и интегративните процеси на земјава, како и усвојување на сите приоритетни задачи и препораки да се реализираат и целосно да се завршат од следниот собраниски состав со цел членство на Македонија во ЕУ во наредните 5 години, а во меѓувреме македонските пратеници да учествуваат во работата на Европскиот парламент во својство на набљудувачи. Декларацијата предвидува поголемо вклучување на граѓанскиот сектор, на младите, како и заложба за итно приклучување кон Зелениот Договор на ЕУ со цел подобрување на еколошките стандарди и здравата животна средина.

– Имавме средба со либералите од регионот и ЕУ оваа недела прво во Брисел, а викендов во Скопје. Средбите ги ценам како мошне позитивни. Имаме безрезезервна поддршка како ЛДП и се потенцираше исклучителната важност на учеството на нашата партија во Собранието и Владата, како одлучувачки фактор за забрзаното членство на Македонија во ЕУ, истакна Горан Милевски, претседател на ЛДП.

–  Очекуваме поддршка од коалиционите партнери, но и од сите парламентарни партии со надеж дека Собранието пред да ја донесе одлуката ќе ја усвои оваа Декларација и ќе даде позитивен сигнал и поттик на изборната кампања и на пратениците кои ќе бидат избрани во наредниот собраниски состав да му се посветат на проширувањето како главен национален приоритет, потенцираше Емил Кирјас, потпретседател на Либералната интернационала.

Либералите очекуваат новата европска методологија да даде фер шанса за членство на Македонија во ЕУ.

– Како Европска партија ја поздравуваме новата методологија која беше предложена од европската комисија, најдобро е пристпаните преговори веднаш да започнат, тоа е на состанокот во март, истакна Анелу ван Егмонд (Д66, Холандија), потпретседателка на АЛДЕ.
– Од интерес на европските либерали е не само државите да одат по патот на европската интеграција, туку дека и либералните партии како ЛДП имаат главна улога во тој процес, порача Роман Јакич, претседавач-ЛИБСЕЕН.

Централниот Одбор на ЛДП донесе одлука за започнување на постапката за предлагање на кандидати за пратеници на партијата за престојните парламентарни избори и продолжува отворено да дискутираат со членовите и граѓаните преку трибините под мотото Размислувај различно, либерално кон Европа.

– Со нашите коалициони партнери имавме средба и претпочитаме заедно да настапиме на избори, но по распуштањето на Собранието ќе преговараме за конечен договор, така што се надеваме на позитивен исход за да ги продолжиме реформите кои ги започнавме. Доколку немаме договор, ние, како ЛДП сме подготвени за самостоен настап, истакна Горан Милевски, претседателот на ЛДП.

 

Поврзани новости