Словенечкото Народно собрание денеска на вонредна седница ја поддржа владината одлука за признавање на Палестина како независна и суверена држава, пишува словенечки Дело.
За признавањето гласаа 52 од 53 присутни пратеници, никој не беше против, а Словенија со оваа одлука стана 147-та членка на Обединетите нации која ја призна Палестина.
Опозицијата претходно ја блокираше вонредната седница на Собранието.
Во понеделникот се појавија информации дека Словенија ќе го одложи признавањето на Палестина бидејќи опозициската Словенечка демократска партија бара референдум за ова прашање.
СДС на пленарната седница повторно поднесе предлог за распишување советодавно референдумско изјаснување пред гласањето за признавање на Палестина, но владејачката коалиција на вонредна седница на парламентот го одби тој предлог.