Сончево и топло со температура до 35 степени

by irena 07:57
07:57

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре ќе биде сончево и топло, со мала локална облачност во текот на денот.

Од среда следува период на нестабилно време со пороен дожд, засилен ветер и грмежи.

Слични вести