Словенечкиот парламент вечерва ги легализираше истополовите бракови со тоа што го измени Законот за брак и семејство и ваквите бракови ги изедначи со хетеросексуалните.
Измените на Законот ги предложи опозициската партија Обединета левица и 51 пратеник биле за, а 28 гласале против. На легализацијата на истополовите бракови се противеле демохристијанската партија Нова Словенија и Словенечката демократска партија на Јанез Јанша.
Тие велат дека веројатно ќе се обидат да соберат потписи за референдум со кој ќе ја оспорат легализацијата на истополовите бракови, но поддржувачите на оваа измена велат дека веќе не е можно распишувањето референдум за законски решенија што се однесуваат на уставната рамноправност.
Со ова, Словенија стана првата поранешна југословенска република што ги легализирала истополовите бракови.