Словачка на коронавирус планира да ги тестира сите свои жители на возраст над десет години, објави словачкиот премиер Игор Матовиќ на денешната прес-конференција.
Сè уште не е јасно дали ваквото национално тестирање ќе биде задолжително или доброволно.
-Децата на возраст под десет години нема да мора да бидат тестирани, рече Матовиќ, објаснувајќи дека така е одлучено врз основа на советите на педијатрите.
Тестирањето треба да се спроведе во текот на следните два викенда. Програмата ќе започне во жариштата на епидемијата следниот викенд и ќе продолжи во остатокот од земјата на 31. октомври и 1. ноември.
Полицијата и армијата ќе помогнат во операцијата за да не бидат оптоварени здравствените работници. Словачка има околу 5,5 милиони жители.
Тестирањето ќе се организира слично како избори и ќе има околу 6.000 станици за тестирање во земјата.
-Времето на пристигнување на граѓаните ќе биде одредено по азбучен ред, со цел да се спречат собири пред станиците. Владата се подготвуваше за операцијата веќе три недели и нарача околу 13 милиони тестови, рече Матовиќ и додаде дека доколку земјата успее во намерата ќе биде пример за целиот свет.