Во Белград пукано во член на „Пинк Пантер“?

by Fokus

Во Нов Белград на паркингот ТЦ „Ушче“ попладнево околу 16 часот се случило пукање, а полицијата го блокирала влезот во Нов Белград, пишува Б92.

Пукањето се случило на влезот на паркингот на трговскиот центар, и според првичните информации едно лице е рането. Медиумите јавуваат дека е пукано во А.Ш. за кој се тврди дека е припадник на групата „Пинк Пантер“.

Според порталот „Телеграф“, ранетиот е пренесен на реанимација, а напаѓачот во жртвата испукал два куршума во пределот на главата.

Српската полиција потврдила дека ранетиот е маж, а како што јавуваат медиумите во гаражата на трговскиот центар има траги од крв.

Порталот „Нова“ јавува дека полицијата упаднала во трговскиот и дека веднаш го затворила поради сомнение дека напаѓачот побегнал во некоја од продавниците.,

 

Поврзани новости