Словачка преку референдум се изјаснуваат за уставните измени

by Fokus

Околу 4,5 милиони граѓани во Словачка имаат право денеска да гласаат на референдумот за уставните амандмани со кои треба да се овозможат предвремени избори. Досега, словачкиот Устав предвидуваше дека Парламентот, кој се избира со четиригодишен мандат, не може да се распушти предвреме дури и ако владата падне и не може да се формира мнозинство за нова коалиција.

Левичарската опозиција го изнуди референдумот откако околу 400.000 гласачи потпишаа петиција за промена.

Во Братислава моментално владее популистичка конзервативна трипартиска коалиција која повеќе нема парламентарно мнозинство. Во случај на нови избори и се заканува целосен распад според сите анкети. Затоа владејачките партии се обидоа да го спречат одржувањето на референдумот до самиот крај.

Референдумот е валиден само ако на него излезат најмалку 50 отсто од гласачите со право на глас, но ваква излезност никогаш не била постигната – освен референдумот за влез во ЕУ пред 20 години. Следниот датум за редовни избори би бил во 2024 година.

Поврзани новости