Словачка е земја со најголем број смртни случаи од Ковид на 100.000 жители

by fokus

Словачка стана земја со најголем број на смртни случаи во однос на бројот на жители, по последното зголемување на заразени со новите варијанти на коронавирусот.

И покрај строгите ограничувачки мерки во претходните седум дена, бројот на смртни случаи на 100.000 жители скокна од 1,68 на 1,78, покажаа денешните податоци на Универзитетот Џон Хопкинс.

Португалија беше на врвот на листата повеќе од три недели, па падна на второто место со 1,48 смртни случаи на 100 000 жители.

– Најзначајниот фактор што спречи да падне бројот на нови случаи во Словачка е високата циркулација на новата варијанта на вирусот, откриена во Велика Британија, изјави словачкиот епидемиолог Марек Мајдан.  Претходно овој месец, Владата соопшти  дека многу заразната мутација на коронавирусот, првпат откриена во Велика Британија стана доминантна во Словачка, со дури 74 проценти од новите случаи.

Поврзани новости