Гувернерот на Њујорк призна дека намерно го криеле бројот на починати од Ковид-19 во домовите за стари лица

by fokus

Гувернерот на американската држава Њујорк Ендрју Куомо призна дека неговата канцеларија го криела од јавноста вистинскиот број на пациенти кои починале од Ковид-19 во домовите за стари лица. На прес конференцијата тој рече дека тоа било погрешно и оти претставува „научена лекација за тоа што се случува кога не се објавуваат податоци“.

– Најмалку што сакав е да ја влошам и онака ужасната ситуација. На барањата на граѓаните и новинарите за објавување податоци не се одговараше навремено, појасни тој.

Повеќе од 15.000 луѓе починаа во домови за стари лица во Њујорк од Ковид-19, но државата соопшти само 8.500. Иако вкупниот број на смртни случаи се појави во збирните податоци на државно ниво, не е прецизирано дека станува збор за корисници на домови за стари лица кои починале во болници.

Поврзани новости