Лидерот на СДСМ Зоран Заев веднаш да излезе во јавноста со најавените ,,бомби” за сторени инкриминирачки дејствија на високи функционери од власта и да престане и понатаму јавноста да ја држи како заложник, апелираат од координативно тело на Форумот на слободоумни патриоти, коj го сочинуваат членови на ВМРО-ДПМНЕ незадоволни од актуелното партиско раководство на чело со Никола Груевски.
„Селективното објавување на прислушувани разговори како и оддолговлекувањето да се објават клучните докази, а од друга страна се поголемата намерна конфузја која ја создаваат одредени медиуми околу овие прашања, секојдневно доведува до се поголема поделба на граѓаните, како и се поголема загриженост за нашата безбедност и сигурност“, сметаат од Форумот, кој веќе е регистриран како здружение на гражани, а деновиве ќе се промовира на прес-конференција.