Слободно изјаснете се како Македонци – повик на македонското друштво „Илинден“ од Тирана пред почетокот на пописот во Албанија

by Fokus

Пред пописот на населението и домаќинствата во Албанија што почнува утре, македонско друштво „Илинден” од Тирана ги повика сите Македонците во Република Албанија да се изјаснат за она што се – Македонци, и да го зачуваат својот македонски идендитет.

„Од утре до 30 октомври тимовите на ИНСТАТ ќе тропнат на вашата врата за собирање податоци за пописот на населението и домаќинствата. Не потпаѓајте под никакви влијанија, нека не ве заплашува никој и ништо. Главата горе и изјаснете се за она што сме – Македонци“, порачува друштвото.

Друштвото ги повикува Македонците да одговорат на сите прашања и на оние за етничката и религиска припадност, како и за јазикот иако за овие три прашања во формуларот одговорот не е задолжителен. Посочуваат дека има можност да се провери дали дадениот одговор е правилно внесен во таблетот од страна на попишувачите

„Нѐ има насекаде низ Албанија. Главно сме концентрирани во областите Мала Преспа, Врбник, Гора, Голо Брдо, но со по неколку десетина илјади не има и во Тирана, Елбасан, Драч, Корча, Кукс, Фиер и во други градови. Со векови  сме опстоиле и покрај сите голготи, ќе ја преживееме и оваа агресивна бугарска асимилаторска кампања“, изјави за МИА, Николај Ѓурѓај – претседател на друштвото.

 

Поврзани новости