Слобода за Кежаровски!

by lali

Новинарството кај нас оди во надолна линија и по слободата на говор и по професионализмот, а богами и по квалитетот, а ова со Кежаровски е навистина голема црна точка и доволен показател дека ние работите во новинатството не се обидуваме и не се трудиме да ги оправиме, туку само потврдуваме дека навистина не се трудиме да ги оправиме.

Затоа дојдете и поддржете го протестот во вторник, 12 часот пред Апелациониот суд и застанете во одбрана на новинарството. Заедно да кажеме НЕ на притисоците врз новинарството и обидите да се зароби слободниот збор.

 

Ова е наша битка, битка за слободна мисла, битка за победа над стравот, битка за нашата иднина!