СДСМ: Денеска е уште појасно зошто Скопје 2014 е дупка без дно

by Фокус 16:18
16:18

СДСМ продолжува да објавува бројки со кои се потврдува дека проектот Скопје 2014 е бунар без дно. Од партијата тврдат дека цените на поединчени објекти се до 35 милиони евра повисоки од најавените.

„Зградите и ентериерот се поскапи, на пример, од еден од најпознатите современи музеи, овој, музејот Гугенхаим во Билбао, прогласен за можеби најважно современо дело во архитектурата, којшто во првите три години и донесе на локалната економија околу 500 милиони евра. Зошто е така? Зошто Министерството за култура не одговори: Како се случи Музејот на ВМРО да биде 15.000.000 евра  поскап од најавените 4.500.000 евра?

Еве една причина: повеќе од половина од оваа разлика, над осум милиони евра  се потрошени на договори во четири очи. Од вкупно 150 склучени договори, дури 130 се договори склучени во четири очи! Прашавме, а власта на Груевски не одговори: Зошто Стариот театар е дури шест пати поскап од најавеното? Повеќе од пет милиони евра власта на Груевски потрошила за договори без отворена постапка“- изјави Петре Шилегов од СДСМ.

- Advertising -

СДСМ открива дека нема објект од проектот кој поминал без анекс.

„За Државниот архив, власта на Груевски потрошила над 30 милиони евра за договори без отворена постапка.Од сите достапни договори, според официјалните документи, дури над 60 проценти од договорите се без отворена постапка. Само околу третина од договорите, се доделени низ отворена постапка. Од достапните, над 800 договори, само 276 се со отворена постапка. Значи, договор во 4 очи завршува со 4 пати повисока цена од планираната. Што повеќе договори во четири очи – толку повисока цена. Колку повеќе анекси – толку поголема сума“- објасни Шилегов.

Тој истакна дека Министерството за култура кога одговара на обвинувањата да зборува за бројки и пари, а на да напаѓа со празни зборови.

 

Поврзани новости