До крајот на денов во нашата држава ќе имаме променливо облачно време, особено на југозапад ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 18 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 16 степени.
Потоа од утре ќе имаме значително постабилно време додека температурите на воздухот ќе бележат тенденција на пораст. За време на викендот истите ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 23 во сабота и од 17 до 25 степени во недела.
На самиот почеток од следната недела во попладневните часови ќе има услови за локална појава на пороен дожд и грмежи.
Подготви: Славчо Попоски